Три години по ред неговиот ресторан Нома лоциран во Копенхаген е прогласуван за најдобар ресторан во светот. Името на главниот шеф е Рене Реџепи, „нашинец“ кој иако е роден во Данска неговиот татко потекува од Гостивар.

Во најновиот серијал „Непознати делови“ на познатиот готвач, писател и тв ѕвезда Ентони Бордеин го посети Копенхаген и се сретна со Рене. Погледнете ја оваа изворедна емисија и дознајте дел од тајните на успехот на Реџепи, за кој искрено се надеваме дека наскоро ќе ја посети Македонија и ќе ја промовира и нашата гастрономска понуда.