Уште еден интересен спој на вкусови приготвен во кујната на Мигусто. Карамел коцки со еспресо. Идеален десерт за секој период од денот, особено како додаток со чаша кафе или шолја чај. А, се разбира и за по главното јадење.

Еспресо-карамел коцки

By А.З. Published: November 18, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 40 mins

Уште еден интересен спој на вкусови приготвен во кујната на Мигусто. …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Плехот за печење (20 x 20 см) намастете го и обложете го со хартија за печење.
  2. 2.Бисквитите доколку не се мелени, измелете ги. Путерот заедно со шеќерот растопете го и додадете ги мелените бисквити. Смесата измешајте и додека е сеуште топла префрлете ја во плех и рамномерно распределете ја.
  3. 3.Рерната загрејте ја на 180 степени и печете го колачот 10-тина минути. Оставете да се олади барем 15-20 минути.
  4. 4.Подготовка на карамел: Во сад, на оган, со постојано мешање, растопете го путерот заедно со шеќерот. Кога шеќерот ќе се карамелизира додадете павлака и малку вода и мешајте се додека не добиете густа карамел смеса (околу 5 до 7 минути). Истурете ја смесата врз топлиот бисквит и оставете го малку да се олади па ставете го во фрижидер, во длабоко, за да се стврдне.
  5. 5.На пареа растопете го чоколадото па додадете ја павлаката и кафето. Добро измешајте и смесата истурете ја врз добро стегнатиот карамел.
  6. 6.Колачот оставете го добро да се стегне во фрижидер, во длабоко, пред да го сечете на коцки. Добар апетит!