Ако сте некој од оние вработени кои постојано доцнат на работа и немаат време да го испијат своето утринско кафе, овој уред е идеален за вас. За 149 евра, можете да го купите најновиот ултра модерен кафемат на компанијата Handpresso наменет исклучиво за користење во автомобил.

Апаратот изгледа феноменално, но тоа со сигурност не е неговиот главен адут. Квалитетот на еспресото е она што би требало да ве импресионира. Со оглед на реномето кое го ужива производителот, не треба да се сомневате во перформансот, кој ќе ги задоволи и оние најпребирливите кафе зависници.

Машината прилично едноставна за употреба. Ја приклучувате на 12 волтниот приклучок во вашата кола, додавате малку вода, ставате еспресо патрон и за кратко време уживате во феноменално еспресо.

Она на што единствено треба да внимавате се условите на патот. На оние возачи кои не се прилично вешти, им препорачуваме да замолат некој од најблиските да им направи утринско кафе за носење и да не се обидуваат да го користат овој кафемат, освен ако со нив немаат совозач кој сака да си ги испроба своите барменски способности.