Уште еден специјалитет од куната на Мигусто. Кулгоф со мелено месо и сланина. Право гурманско уживање. Права делиција идеална да ја послужите за некој повод, како слава, роденден или прослава. Добар апетит.
ФАНТастичен меснат куглоф
By June 16, 2013
Published:Уште еден специјалитет од куната на Мигусто. Кулгоф со мелено месо и …
Ingredients
- 600 г мешано мелено месо
- 200 г сланина (исечена на долги листови)
- 1 главица кромид
- 200 г компири
- 1 кесичка Фант мешавината за фаширани шницли
- вода (за подготовка на фантот)
- малку сол, црн пипер
- малку свеж рузмарин
Instructions
1.Со парчињата сланина обложете го куглофот по целата негова површина.
2.Пригответе го фантот според упаството на кесичката и сварете ги компирите.
3.На меленото месо додадете му ситно исечкан кромид, сол, црн пипер и малку рузмарин.
4.Подготвениот фант додадете го во меленото месо и убаво измешајте за да добиете еднолична смеса.
5.Поголемиот дел од смесата префрлете го во куглофот.
6.Во кружна форма наредете од варените компири и додадете уште еден слој месо.
7.Со парчињата сланина поклопете го месото и ставете го куглофот на печење.
8.Печете во добро загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна