Нема ништо подобро од домашна приготвена манџа, во овој случај компир манџа која ако не сте ја пробале спремана на ваков начин, сега е вистинскиот момент за тоа. Ќе ви скрати многу време, а резулататот е совршен. Добар апетит.
ФАНТ-астична компир манџа
By June 3, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 50 mins
Нема ништо подобро од домашна приготвена манџа, во овој случај компир …
Ingredients
- 400-500 г пилешки гради
- 800 г компири
- 1 ќесичка ФАНТ за гулаш и паприкаш
- 1 главица кромид
- 2-3 чешниња лук
- 1 л вода
- малку магдонос
Instructions
- 1.Исечкајте ги кромидот и пилешкото на коцки и ставете ги да се запржат на малку масло за готвење додека месото не омекне (окоу 10-тина минути).
- 2.Во меѓувреме излупете ги компирите и пресечете ги на парчиња (ако се големи). Внимавајте парчињата да бидат со приближно иста големина.
- 3.Во тенџере ставете ги компирите, потоа додадете ја смесата од испрженото месо и кромид. Потопете се со вода (ако ви е малку 1 литар, слободно додадете уште малку вода) и варете се додека компирите не бидат сварени но не премногу (ал денте :)).
- 4.Тргнете го тенџерето од оган и со лажица за супа извадете малку од водата во подлабока чинија (може да ставите и друга вода, но да биде млака или ладна).
- 5.Во извадената вода истурете ја смесата од ќесичката ФАНТ и мешајте додека не се добие убав хомоген сос. Вратете го сосот назад во тенџерето и ставете го на оган уште 10-тина минути, додека не зоврие.
6.Тргнете го тенџерето од оган и додадете малку свеж магдонос или друг зачин по желба. Послужете ја компир манџата топла.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна