Уште еден ФАНТастичен рецепт кој ни го испрати нашата читателка Драга. Пробајте го и вие, бидејќи готвењето со ФАНТ е вкусно, лесно, едноставно и баш фантастично 🙂
ФАНТастична сарма со лозов лист
By June 20, 2013
Published:Уште еден ФАНТастичен рецепт кој ни го испрати нашата читателка Драга. …
Ingredients
- 15 лозови листови претходно обарени
- 300 г мелено месо
- 1/2 кромид ситно сецкан
- половина лажиче црвен пипер
- 1 филџан ориз
- малку црн пипер за вкус
- 500 мл вода
- Фант за сарма
- сол по потреба
- малку брашно
Instructions
- 1.Се става меленото месо, кромидот ситно сецкан, црвениот и црниот пипер да се запржи. Откако ќе се пропржи смесата се додава оризот.
- 2.Откако смесата ќе се соедини се става Фант две лажици. Посолуваме по потреба. Се виткаат сармите со смесата и се ставаат во поголем сад, па се дотура водата и се ставаат на оган да вријат.
- 3.При крајот се става една запршка со малку брашно, црвен пипер и масло. Добар апетит!
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Варење
- Skill Level: Средна