Мирис кој отвора апетит и ве тера да ја изведите баклавата веднаш од рерна и да почнете со дегустација. Превкусна месена пита исечена во форма на баклава со мелено месо. Задолжително пробајте во прва прилика.

Солена баклава со месо

By Мигусто Published: June 28, 2013

    Мирис кој отвора апетит и ве тера да ја изведите баклавата веднаш од …

    Ingredients

    Instructions

    1. Тесто за солена баклава1.Во сад, измешајте ги сите состојки за подготовка на тестото. На набрашнета површина месете се додека не добиете фино тесто, потоа покријте го и оставете го да нарасне барем дупло.
    2. 20 топчиња од тесто2.Стасаното тесто поделете го на 20 идентични дела и формирајте топчиња.
    3. Пет сукани топчиња3.Секое топче малку расукајте го. Наросете го со густин и врз него ставете друго исукано топче.
    4. Четири купчиња4.Направете четири купчиња со по пет малку исукани топчиња.
    5. Сукање на 4 големи кори5.Потоа, секое купче од по пет мали топчиња, исукајте го во голема кора. На овој начин, ќе добиете 4 големи кори.
    6. Подготовка на Фантот6.Фантот растворете го во малку вода.
    7. Фант и месо7.Меленото месо малку запржете го, па во него додадете го Фантот. Добро измешајте.
    8. Редење на баклавата8.Тавата за печење намачкајте ја со масло. Ставете ја првата кора и одозгора ставете 1/3 од меленото месо.
    9. Додавање на баклавата9.Постапката повторете ја и со останатите расукани кори.
    10. Сечење на баклавата10.Питата баклава оставете малку да нарасне, па исечете ја во форма на баклава.
    11. Фант солена баклава11.Печете во загреана рерна, на 200 степени, околу 30 минути.
    12. Фант солена баклава12.Испечена, прелијте ја со растопен путер и оставете ја уште неколку минути во рерна.