Нашиот фантастичен рецепт за оваа недела обединува три од нашите омилени состојки: тесто, месо и ФАНТ. Што мислите, како излегоа овие супер кошнички и колку време им требаше за да исчезнат?? Одговорот на ова прашање е: мноооооогу малку 🙂
ФАНТастични полнети кошнички од месо
By June 23, 2013
Published:Нашиот фантастичен рецепт за оваа недела обединува три од нашите омилени …
Ingredients
- 500 г брашно
- 1 јајце
- 200-250 мл млеко и вода
- 1 лажица масло за готвење
- 1 ½ лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- ½ коцка свеж квасец
- 350-400 г пилешко бело месо (состојки за фил)
- 1 лажица путер (состојки за фил)
- 1 главица кромид (состојки за фил)
- 1-2 чешниња лук (состојки за фил)
- 2 лажици ФАНТ мешавина за полнети пиперки и сарми (состојки за фил)
- 1-2 лажици оцет балсамико (состојки за фил)
- малку сол, црн пипер (по вкус) (состојки за фил)
Instructions
- 1.Белото месо исече го на ситни парчиња, посипете го со ФАНТ мешавината, по желба наросете црн пипер и оставете го месото да се маринира барем половина час. наштети.
- 2.Од брашното, јајцето, квасецот, солта, маслото и шеќерот замесете средно меко тесто. Оставете го околу 1 час да стаса или се додека тестото двојно не се зголеми.
- 3.Во загреана тава ставете го путерот, додадете го исечканиот кромид и лук и кратко пропржете. Потоа додадете го оцетот балсамико и пржете се додека не испари скоро целата течност. Испржениот кромид и лук тргнете ги настрана, а во истата тава додадете го маринираното бело месо и пржете се додека месото малку не зарумени. Испржено месо измешајте го со запржениот и лук.
- 4.Стасаното тесто повторно кратко замесете го и поделете го на 18 еднакви топчиња. Секое топче треба да тежи околу 40-50 г. Топчињата расукајте ги во форма на круг. Во средината на секој круг ставете од филот и затворете ја кошничка така што горниот дел да биде отворен.
- 5.Вака припремените кошнички,наредете ги врз хартија за печење и оставете ги 10-тина минути да се одморат. Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15-тина минути или се додека горниот слој не зарумени. Испечени, со помош на четка, премачкајте ги со малку масло.
6.Доколку имате модли за мафини, можете нив да ги искористите така што направениот круг ставете го во вдлабнатината на модлата, но при тоа мал дел од тестото треба да излегува над работ на модлата. Во средината ставете го филот и со помош на рака подзавиткајте го вишокот тесто. Добар апетит!
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна