Одличен начин да ја подготвите пастрмката на здрав начин, без додатоци на масло. Бадемите дополнително го збогатуваат вкусот на рибата, па сме сигурни дека ќе уживате. Добар апетит!

Филети од пастрмка со бадеми

By Гастронаутка Published: June 21, 2013

    Одличен начин да ја подготвите пастрмката на здрав начин, без додатоци на …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Загрејте ја рерната на 200 степени. Измелете ги бадемите покрупно во блендер или машинка за мелење.
    2. 2.Ставете ги бадемите во подалбок сад, додадете ја ренданата кора од лимон, растопениот путер, копарот и сол и црн пипер по вкус, и измешајте добро со рака додека смесата не се изедначи.
    3. 3.Ставете ги филетите од риба во тавче врз хартија за печење, а потоа одозгора распоредете ја смесата со бадеми (притиснете малку за да се залепи).
    4. 4.Печете во рерна 12-15 минути или додека рибата не омекне. Послужете ги филетите со листови од зелена салата и парче лимон (или лимета).
    5. 5.Забелешка: овие филети одлично одат со пире или со варен ориз.