Совршен спој на вкусови и арома која мами и отвора апетит. Денес направив фокача, свиткав неколку парчиња и ги изненадив колегите на работа. Нормално немаше за сите, некој само помирисаа, но им ветив репете во некоја следна прилика.

Фокача со компир и сланина

By Тетка Биберче Published: September 24, 2015

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 1 hr 45 mins

Совршен спој на вкусови и арома која мами и отвора апетит. Денес направив …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на тестото1.Во поголем сад, измешајте ги сите потребни состојките за приготвување на фокачата. Месете се додека не добиете компактна смеса и оставете го тестото околу 60 до 90 минути, на топло и покриено, да нарасне.
  2. Лупење на компирите2.Компирите измијте ги, излупете ги и ставете ги во зовриена вода неколку минути. Исечкајте ги на крукчиња и оставете ги да се исцеди водата.
  3. Формирање на тестото3.Врз тава за печење, на хартија за печење, со раце, тестото за фокача растегнете го по целата површина. Оставете го околу 15 минути и повторно растегнете го. Попрскајте малку маслиново масло.
  4. Редење на компирот и кимот4.Врз тестото наредете ги крукчињата компир и наросете сол и ким. Печете 25 минути, на 220 степени.
  5. Фокача со компир и сланина5.Врз компирите наредете го кашкавалот и сланинката и печете уште 5 минути. Оставете малку да се олади и сервирајте ја фокачата.