Мирисот на путер потсетува на сончево утро и прошетка по некоја од уличките на Париз. Донесете го шмекот на Париз во вашиот дом. Мигусто, знае како!
Француски кроасани
By September 27, 2012
Published:- Yield: 30 парчиња
- Prep: 2 hrs 0 min
Можеби постапката за подготвување ќе ви изгледа сложена, ама верувајте ми, и тоа како се испплати маката.
Ingredients
Instructions
- 1.Сите состојки освен путерот и јајцето се мешаат и се замесува тесто кое се остава убаво да нарасне.
- 2.Путерот прво добро се лади (10-15 минути во ладилник), а потоа се става помеѓу две поголеми парчиња проѕирна фолија и се расукува со сукало додека не се добие плочка.
- 3.Стасаното тесто се расукува во лента со висина колку што е висината на плочката путер, а со трипати поголема ширина.
- 4.Плочката путер се става во средината на лентата од тесто, потоа се преклопува со тесто прво од едната страна, а потоа и од другата. Ќе се добие плочка од тесто колку што беше плочката од путер (путерот е во средина, како сендвич). Потоа оваа плочка се расукува до дебелина од околу 5 мм, се дипли (како со путерот на три, и уште еднаш на три), и се остава во фрижидер да се олади околу 30-40 минути.
- 5.Тестото се вади, се расукува повторно и се дипли на два пати како во претходниот чекор. Потоа се враќа во фрижидер и се остава уште 30-40 мин. Оваа постапка треба се повтори уште еднаш, а подобро уште два пати, и на крај се остава тестото да преноќи во фрижидер.
- 6.Следниот ден, тестото се дели на два дела, од секој дел се расукува лента која се сече на триаголници, и од секој триаголник се витка кифличка (кроасан).
- 7.Кроасаните се редат во плех на хартија за печење и се оставаат да постојат барем 30 минути. Пред да се стават во рерна се премачкуваат со изматено јајце помешано со малку вода.
- 8.Се печат во загреана рерна на 190 степени, околу 15 минути.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Сложена