За денешниот ручек ви предлагаме пржени јајца! Но, за да не мислите дека не сме се потрудиле, она што ќе го готвиме не се пржени јајца туку фритата со тиквички. Немојте да пропуштите да ја пробате!

Фритата со тиквичка

By Гастронаутка Published: October 5, 2012

    За денешниот ручек ви предлагаме пржени јајца! Но, за да не мислите дека …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Употребете тавче за пержење кое може да се стави во рерна. Загрејте го и ставете го путерот да се стопи. Кога ќе се растопи, додадете го кромидот (исечкан на полукругови) и шеќерот, а потоа пржете додека кромидот не добие убава боја (околу 8 минути).
    2. 2.Додека кромидот се пржи, тиквичката исечкајте ја на многу тенки кругчиња (колку што можете потенки), а доматот исто така исечкајте го на кругови, но нешто подебели (околу 4-5 мм).
    3. 3.Кога крмидот ќе добие боичка, додадете ги тиквичките, посолете и додадете го црниот пипер, а потоа пржете уште неклку минути, со повремено мешање, се додека тиквичката не се зарумени.
    4. 4.Во подлабок сад, разматете ги јајцата со мајчината душичка. Истурете ги јајцата врз готовите тиквички, одозгора наредете ги парчињата домати и посипете го изрендоното или ситно издробено сирење. Вратете го тавчето на оган уште 5-6 минути (без да мешате).
    5. 5.Загрејте ја рерната на 200 степени, ама вклучете го само горниот греач. Ставете го тавчето во рерна и печете неколку минути, додека не се зарумени одозгора.
    6. 6.Оставете ја фритатата да се олади околу 10 минути пред да ја сечете. Украсете го секое парче со малку свежа мајчина душичка и послужете додека е уште топло.