Добро друштво, неколку ладни пива, домашни фурнари и мезе. Зар има нешто подобро од ова. Рецептот е феноменален, доволна причина уште денес да ги поканете вашите пријатели да ги дегустираат овие домашни фурнарини со болоњезе сос.
Фурнарини со болоњезе сос

By May 22, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 60 mins
Добро друштво, неколку ладни пива, домашни фурнари и мезе. Зар има нешто …
Ingredients
- 260 г брашно
- 60 г пченкарно брашно
- 80 мл масло за готвење
- 160 мл вода
- 1 јајце
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка шеќер
- 1/2 кесичка сув квасец
- малку сусам, сол, црвен пипер, ким
- 1 кесичка ФАНТ мешавина за подготовка на сос болоњезе (состојки за сос)
- 200 мл вода (состојки за сос)
Instructions
1.Замесете о тестото. Во сад измешајте ги сите потребни состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете фина, компактна смеса. Тестото покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути.
2.Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел тенко расукајте го.
3.Со помош на ноже за сечење пица, исечете го тестото на тенки стапчиња (за полесно, тестото првин префрлете го во плех за печење, па потоа сечете го).
4.Префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да одморат 10-тина минути. Пред печење, намачкајте ги со малку вода и масло и наросете со сусам, сол и црвен пипер. Печете
5.Подгответе го сосот: содржината на кесичката истурете ја во 200 мл млака вода и мешајте се додека сосот не зоврие.
6.Со постојано мешање, гответе го сосот на тивок оган околу 5 до 10 минути т.е. се додека сосот не ја добие потребната густина. Сервирајте. Добар апетит!
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна