Тестенини во било која комбинација и време. Секогаш се добар избор на брзо ручече, кога се нема многу време а ви се јаде нешто вкусно. За денес предлагам фусили со брокула и туна. Совршенство…
Фусили со брокула и туна
By February 15, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 35 mins
Тестенини во било која комбинација и време. Секогаш се добар избор на …
Ingredients
- 350 г тестенина по желба (ние користевме фусили)
- 400 г брокула
- 100 г туна во парчиња
- 1 помала главица кромид
- 1 зелена пиперка
- малку масло за готвење
- малку сол, црн пипер
Instructions
- 1.Кромидот и пиперката (измиена и исчистена од семки) исечкајте ги на ситни парченца. Во тава, на малку загреано масло, ставете ги и пржете ги неколку минути т.е. се додека кромидот не омекне.
- 2.Во истата тава, додадете ја туната во парчиња, промешајте и пржете ги сите состојки уште неколку минути.
- 3.Брокулата разделете ја на мали парченца, измијте ја и ставете ја во сад со зовриена и посолена вода. Обарете ја неколку минути, па исцедете ја и додадете ја во тавата со туната.
- 4.Во истата вода, ставете ги тестенините да се варат според упатството на пакетчето. Исцедете ги и додајте ги во тавчето со останатите состојки. Убаво промешајте за да се поврзат сите состојки, па сервирајте.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна