Тестенини печени во модли за мафини, креативно решение за разбивање на монотонијата во кујната. Ние употребивме фусили, вие можете да пробате и со некој друг тип на тестенини. Како и да е вкусот е совршен.
Фусили мафини
By September 18, 2012
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 35 mins
Тестенини печени во модли за мафини, креативно решение за разбивање на …
Ingredients
- 4 шолји фусили (или друга тестенини по желба)
- 1 шолја млеко
- 1 шолја кашкавал (изрендан)
- 3 јајца (белки)
- 2 лажици путер
- 1 лажица брашно
Instructions
1.Тестените сварете ги. Во меѓувреме подгответе го бешамел сосот. Со сад ставете путер, растопете го, а потоа додете една лажица брашно. Постојано мешајте. Додадете го млекото и на крај изренданиот кашкавал.
2.Бешамел сосот додадете го на сварените фусили кои предходно добро се исцедени. Промешајте за да бешамелот добро ги покрие тестенините. Подгответе ги модлите. Можете да ги премачкате со малку путер.
3.Загрејте ја рерната на 250 степени. Со лажица наполнете ги модлите. Одозгора наросете кашкавал.
4.Печете до до 15 минути, додека мафините не добијат златно -кафена боја. Оставете ги да се оладат пет минути, а потоа сервирајте ги.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна