Традиционално шпанско предјадење особено популарно во потоплите месеци. Сепак тоа не е причина да не си направите вкусна доматна супа која освен што ќе ве освежи, ќе ви ја обезбеди повеќе од потребната доза витамини.
Гаспачо
By November 6, 2012
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 0 min
- Ready In: 10 mins
Традиционално шпанско предјадење особено популарно во потоплите месеци. …
Ingredients
- 1 кг домати
- 2 кришки стар леб
- 2 лажички оцет
- 2 средни зелени пиперки
- 1 средна краставица
- 1 среден кромид
- 1 чешне лук
- маслиново масло
- сол, црн пипер
- ливчиња свеж босилек
Instructions
- 1.Одстранете ја кората од стариот леб. Средишните парченца натопете ги во малку млака вода да омекнат. Налијте маслиново и зачинете.
- 2.Исчистениот и излупен домат изблендирајте го. Додадете ја излупената краставица, пиперката иситнетото лукче, кромидот и изблендирајте.
- 3.Потоа ставете го лебот, додадете малку оцет. Повторно избледнирајте. По желба можете да додате вода во зависност колку сакате гаспачото да биде густо.
- 4.Оладете го гаспачото во фрижидер, а потоа сервирајте го со додаток од свежи ливчиња босилек и ситно исчекан домат. Одозгора капнете малку маслиново масло.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна