На полиците и тезгите во маркетите и на пазарите често гледаме намирници по кои никогаш не посегнуваме. Од друга страна пак, често пати купуваме намирници кои содржат повеќе штетни отколку корисни состојки. Не се ретки луѓето кои секогаш во корпата ставаат чоколадо, кекси или некои слични производи.

Научниците од Стенфорд неодамна направија интересно истражување за тоа кои намирници се најдобри за човекот и неговото здравје. Еве што се најде на врвот на нивната листа.

На прво место на оваа листа е зелката. Според истражувачите, ако изедеме само мало парче зелка (со големина на шолја за кафе), во организмот ќе внесеме само 22 калории. Што е поголемо количеството на зелка што го јадеме, толку е помал ризикот од рак и други тешки болести.

Покрај зелката, како важен дел од исхранат се смета и шеќерната репка. Витамините кои таа ги содржи се исто така добри во борбата против ракот, но и за работата на срцето. Луѓето кои јадат шеќерна репка имаат многу помали шанси да добијат заболување на артериите.

Од овошјето се препорачува гуавата, инаку тропско овошје кое содржи голем број на витамини. Само една шолја за кафе цедена гуава содржи 63% повеќе витамини отколку една цела банана. Гуавата содржи и висока концентрација на ликопен, антиоксидант кој е особено корисен во заштитата од рак на простата.

За контрола на шеќерот во крвта е најважен циметот, кој е одличен и за срцето. Научниците пресметале дека лицата кои боледуваат од дијабетес тип 2 треба да конзумираат само по 1 г цимет дневно и со тоа, за 6 недели ќе го доведат во ред нивото на шеќер во крвта.

Научниците дошле и до заклучок дека најздрави се луѓето од Средниот Исток, и тоа затоа што често конзумираат сок од шипки. Тие пресметале дека само во два плода од шипка има доволно витамини кои можат за еден ден да го намалат крвниот притисок за 21 процент. Во 4 плода од шипка има дури 50% од потребната дневна доза на вотамин Ц.

Скоро две илјади години, луѓето од Тибет ги користат јагодите во борбата против шеќерот. И тоа не важно како се конзумираат, сува, свежа, измешана со јогурт, во секој случај јагодата му го дава на организмот она што му е потребно.

Уништувањето на крвните ќелии е една од главните причини за појава на рак. А главни затитници на крвните ќелии се сувите сливи.

Семките од тиква се исто така одлични за здравјето. Група на француски научници дошла до сознанија дека луѓето кои често јадата семки од тиква, го намалуваат ризикот од прерана смрт за дури 40%.