Дали ви паднало на памет дека можете да направите нешто вакво? Гибаница на малку поинаков начин, но изворедно вкусна. Фатете си ред за репете зошто брзо ќе ја снема.
Гибаница мафини
By April 5, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 35 mins
Дали ви паднало на памет дека можете да направите нешто вакво? Гибаница …
Ingredients
- 150 г тенки готови кори
- 300-350 г сирење (издробено)
- 3 јајца
- 100 мл масло за готвење
- 200 мл јогурт
- ½ лажичка сода бикарбона
- малку сол
- малку магдонос (или спанаќ, млад кромид, власец, босилок, рукола...)
- малку сусам, ким или лебни трошки
Instructions
- 1.Во подлабок сад се става сирење, се додаваат јајцата, маслото, зеленилото и се се меша. Се сипа јогуртот измешан со сода бикарбоната. Се додаваат и ситно сечканиот магдонос.
- 2.Во смесата се додаваат корите, здробени меѓу рацете. После секоја додадена кора, смесата полека и внимателно се меша и така се додека не се потрошат сите кори.
- 3.Од смесата, со лажица, се става во секоја модла така што таа да биде ¾ полна, затоа што во текот на печењето мафините нараснуваат.
- 4.На крајот, секоја мафина се посипува сусам, ким или лебни трошки.
- 5.Се печат во загреана рерана, на 210 степени, околу 15 до 20 минути. Имајте добар апетит!
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна