Крцкава коричка, мирис на тесто што се шири низ кујната….Денес печеме гибаница!
Гибаница
By September 16, 2012
Published:Крцкава коричка, мирис на тесто што се шири низ кујната....Денес печеме …
Ingredients
- 500 гр готови кори (за баклава)
- 250 гр бело сирење (најдобро е кравјо)
- 50 гр пармезан (рендан)
- 5-6 млади кромидчиња
- 750 мл јогурт
- 100 мл масло за готвење
- 4 јајца
Instructions
- 1.Младиот кромид исечкајте го на ситни парчиња, а сирењето издробете го со прсти или со вилушка.
- 2.Во подлабок сад изматете ги јајцата (со вилушка или со рачна маталка), а потоа додадете ги сирењето, кромидот, јогуртот и маслото и промешајте убаво.
- 3.Намачкајте го тавчето (отприлика двојно помало од тавата за печење од рерната) со масло или со слој путер, и внимавајте да ги намачкате и страните, а не само дното.
- 4.Ставете една кора свиткана на половина, а потоа прелијте ја со подготвениот сос. Потоа ставете друга кора, повторно прелијте и така се додека не ги потрошите сите кори. Внимавајте одозгора да ја прелиете гибаницата со сосот, и на крајот, посипете ја со ренданиот пармезан.
- 5.Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути (или додека не добие убава боја одозгора.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна