Ако сте љубител на домашен сендвич тогаш ова е правото лепче со кое може да си го подготвите. Иако навидум изгледаат тешки за подготовка, овие гиро пити се подготвуваат многу едноставно. А, откако еднаш ќе ги пробате, верувајте ќе станат вашите омилени.
Гиро пита
By February 27, 2014
Published:- Prep: 40 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 1 hr 50 mins
Ако сте љубител на домашен сендвич тогаш ова е правото лепче со кое може …
Ingredients
- 500 г брашно
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 280-300 мл млака вода
- 50-60 мл масло за готвење
- 1/2 коцка свеж квасец
Instructions
1.Од состојките за подготовка на гиропитито, замесете убаво, фино тесто. Покријте го и оставете го на топло место да нарасне.
2.Стасаното тесто поделете го на 4 дела и формирајте топчиња.
3.Секое топче расукајте го во круг (не премногу тенок) и ставете го врз мрсна хартија.
4.Постапката повторете ја и со останатите топчиња.
5.За да не се залепат, помеѓу секој расукан круг ставете парче мрсна хартија. Вака спремни, покријте ги со крпа и оставете ги повторно да нараснат (барем поливна на час на топло место).
6.Тавата за печење превртете ја наопаку, ставете ја во рерна на 200 степени и оставете ја добро да се загрее.
7.Внимателно, расуканите нараснати крукчиња, ставете ги врз загреаната тава и печете ги 7-8 минути или се додека фино не нараснат и добијат златникава боја.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна