Одложете ја диетата до понеделник зошто нема да можете да им одолеете на овие фантастични крофни. Без разлика дали ќе ги направите со бела или црна глазура, сигурни сме дека страшно брзо ќе исчезнат од чинијата!

Глазирани крофни

By Гастронаутка Published: April 28, 2014

    Одложете ја диетата до понеделник зошто нема да можете да им одолеете на …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Ставете го квасецот да нарасне во топлата вода заедно со една лажичка шеќер и една лажжичка брашно и оставете го да нарасне. Млекото ставете го да зоврие, а потоа оставете го малку да се олади.
    2. 2.Во посебен сад измешајте го нараснатиот квасец, млекото, шеќерот, солта, јајцата, маста и една третина од брашното. Добро измешајте ги состојките со миксер.
    3. 3.Постепено додавајте го и преостанатото брашно со посотјано мешање додека не добиете убаво тесто, а откако добро ќе се измеша, оставете го да нарасне најмалку дупло (30-60 минути).
    4. 4.Откако тестото ќе нарасне, ставете го на набрашнета површина и расукајте го со сукало добро намачкано со брашно. Внимавајте, дебелината на расуканата кора треба да биде околу 12-13 милиметри (да биде подебела за да може тестото да расте).
    5. 5.Исечете кругчиња со поголема чаша чија ивица е набрашнета, а потоа исечете ја средината со мала чашка за ракија. Откако ќе ги исечете сите крофни, покријте ги со крпа и оставете да нараснат уште еднаш (30-40 минути).
    6. 6.Додека крофните растат можете да ја направите глазурата. Растопете го путерот и измешајте го со ванилата и шеќерот во прав. Мешајте со миксер додека смесата не се изедначи, а потоа додавајте млеко или вода додека не ја добиете саканата густина. (Ако сакате чоколадна глазура, во путерот разматете и 150-180 г растопено чоколадо).
    7. 7.Во подлабоко тавче или тенџере добро загрејте малку повеќе масло, а потоа испржете ги прво малите кругчиња од срединките, а после и самите крофни. Оставете ги добро да се исцедат на кујнска хартија, а потоа натопете ги во глазурата од едната или од двете страни, по желба. Пријатно!