Графичкиот дизајнер Љупчо Михајловски, дел од тимот на Теа Модерна успеа да ја докаже дека одводните ПВЦ цевки можат да имаат и друга намена освен онаа која на сите нас ние добро позната. Сурфајќи на нет добил одлична идеја како својата мала тераса во скопската населба Хром, со малку пари, а многу повеќе умешност и волја да ја претвори во градина со јагоди, која импресионира со својот ненаметлив раскош.

За јагодите смета дека е највкусното овошје, но она што не му се допаѓа е старомодното одгледување во земјени леи, покриени со црни најлонски фолии. “Јагодите одгледани на тој начин се постојано на немилост на околината, пред се мислам на животните кои се шетаат таму… И тоа сметам дека и не е некој проблем доколку јагодата е некое цврсто овошје, како што се јаболкото, сливата и сл., па да можеш убаво да го измиеш, да го истриеш, а јагодата не е ни крупно овошје па да можеш да го излупиш. Можеби без основа, но јас на моите деца свежи јагоди не сум им дал многу долго време… Имајќи го ова во предвид чувствував некаков долг кон синовите и подолго време размислував како да одгледам јагоди за кои ќе знам дека се чисти според моите критериуми. Призвод на тоа размислување и сурфање по веб е мојата градина на тераса,ни  објасни Љупчо зошто се решил токму на ваков начин на одгледување.

Градината е направена од одводни ПВЦ цевки со дијаметар од 10 цм. Искористил две цевки од по 3м, и потоа редуцири од 5 цм на 10 цм, неколку колена, Т-спојки. Овие спојки ги вметнал со цел делот каде што излегува вишокот на вода да има поубав изглед на терасата каде што секој ден со своето семејство пие барем по едно кафе.

Материјалот употребен за целата градина вели дека не го чинел повеќе од илјада денари, се рабира без садниците и хумусот. “Садниците можат да се најдат и за 10 денари по корен, но јас сепак зедов најквалитетни и најскапи – по 30 денари за корен. Сортата е таканаречена месечарка затоа што ако е се во ред јагодата раѓа постојано во текот на секој месец од мај до октомври. Хумусот за мојата градина чинеше околу 300 денари. Садниците во цевките се ставени на растојание од приближно 25 цм па испадна да во 4 цевки собра 36 садници. Имам уште неколку насадено во саксии, како резерва имајќи на ум дека може некоја од садниците да не се „фати“… но сите се фатија…, се пофали вештиот наш соговорник

Првите цветови се појавиле пред околу еден месец, а се надева дека до крајот на мај ќе има по некоја јагода, како што вели барем за на врвот на шлагот. „Инаку конкретно за оваа сорта, месечарка не знам колкава количина род треба да се очекува. За индустриските јагоди кои имаат една реколта (а не секој месец по малку) читав дека се очекува од 300 до 500 грама по корен… Ако тоа важи и за месечарките ќе има и за слатко„ отимистички додаде Љупчо.

Погледете ја фото галеријата која сме сигури дека ќе ве инспирира и вие да се обидете вашата тераса да ја претворите во една убава цветна, мирисна градина со јагоди.

 

[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]