Од домашната Мигусто пекара излезе еден нов специјалитет. Багети приготвени со интегрално брашно, што толку беа вкусни и не остана ниту едно. Намачкани со путер, павлака или нешто по ваша желба, навистина се право совршенство.

Грахам багети

By Тетка Биберче Published: February 26, 2014

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 2 hrs 15 mins

Од домашната Мигусто пекара излезе еден нов специјалитет. Багети …

Ingredients

Instructions

  1. Замесено грахам тесто1.Од наведените состојки за подготовка на грахам багетите замесете полу меко тесто. Покријте го и оставете го на топло да порасне.
  2. Поделено тесто2.Нараснатото тесто поделете го на 4 еднакви топчиња тесто.
  3. Расукување на тестото3.Секое топче, малку расукајте го за да добиете правоаголна форма.
  4. Виткање на тестото4.Со прсти означете ја половината на тестото и свиткајте го едниот крајот на тестото до пола.
  5. Виткање на тестотото 25.Истото направете го и со другиот крај на тестото. Средината (место каде се допираат двете страни), притиснете ја со прсти за да се залепи.
  6. Виткање на тестото 36.Тестото повторно свиткајте го до пола, од двата краја и притиснете ја средината за да се залепат краевите.
  7. Виткање на тестото 47.Уште еднаш свиткајте го тестото и со прсти залепете ги краевите.
  8. Ролување на тестото8.Багетот свртете го од другата страна, и со рака, ролувајте за да добиете подолг багет.
  9. Засечување на багетот9.Со оштар нож, или пак со жилет, засечете ги багетите.
  10. Подготвени багети10.Тавата за печење обложете ја со хартија за готвење, ставетеги багетите и покријте ги со влажна крпа. Оставете ги на топло повторно да нарасната (околу 30 - 45 минути).
  11. Грагам багети - испечени11.Рерната загрејте ја на 200 степени. Пред печење, со помош на прскалка, добро испрскајте ги (наводенете ги) багетите (така ќе се создаде крцкава кора). Печете ги се додека не добијат убава златно-кафена боја.