Чај од брусница и неколку граноли бисквити со јаткасто овошје за појадок или за ужина на работа. Комбинација која совршено одоговара и се надеваме дека ќе ви се допадне. Наш совет е секогаш да правите дупла доза и да ги почестите и колегите на работа со овие бисквитчиња.
За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа
Гранола бисквити

By April 18, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 30 mins
Чај од брусница и неколку граноли бисквити со јаткасто овошје за појадок …
Ingredients
- 200 г гранола мусли со јаткасто овошје Виталиа
- 60 г интегрално пченично брашно Виталиа
- 70 г брашно
- 50 г Light Muscovado кафеав шеќер Виталиа
- 150 мл ладно цедено сончогледово масло Виталиа
- 3 лажици ливадски мед Виталиа
- 1 лажица интегрален Таан Виталиа
- 2 лажици вода
- 1 ½ лажичка прашок за пециво
- прстофат сол
Instructions
1.Муслите измелете ги во машинка за мелење кафе или во блендер. Во поголем сад, измешајте ги заедно со брашното во кое сте го додале прашокот за пециво со малку сол и додадете го кафениот шеќер.
2.Во смесата додадете го медот и мешајте се додека целосно не се растопи. Ставете лажица таан, малку вода и масло. Мешајте се додека не добиете фина компактна смеса.
3.Со помош на лажица, земајте од тестото, направете топчиња и ставете ги во тава за печење, обложена со хартија. Топчињата нежно притиснете ги.
4.Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу 10 минути. Испечените бисквити оставете ги добро да се оладат пред да ги сервирате. Забелешка: Од овие состојки излегуваат околу 25 бисквити.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна