Со оглед на тоа што денес е петок, не се размислувавме ни малку што би готвеле за ручек. Само што се одлучивме за суви сливи, наместо за кобасички или димено месо…..
Гравче со суви сливи
By November 9, 2013
Published:Со оглед на тоа што денес е петок, не се размислувавме ни малку што би …
Ingredients
- 500 гр гравче
- 100 гр морков (изрендан)
- 1 главица кромид (ситно исечкан)
- 1 кафена лажичка сода бикарбона
- 12 суви сливи (поголеми)
- 1 кафена лажичка вегета
- 1 кафена лажичка црвен пипер
- 1 кафена лажичка свеж магдонос (исечкан)
- 2 супени лажици масло за готвење
- малку сол
- малку црн пипер
Instructions
- 1.Потопете го гравчето со вода, додадете ја содата и ставете го да се вари.
- 2.Во меѓувреме, ставете ги сувите сливи во сад со вода да омекнат малку.
- 3.Кога ќе зоврие водата со гравчето, оставете го тенџерето на оган уште 20-тина минути.
- 4.Исецедете го гравчето и измијте го малку, а потоа вратете го во тенџерето.
- 5.Додадете го ситно исечканиот кромид, изренданиот морков и вегетата, залејте се со 1 литар ладна вода и ставете го да се вари повторно, се додека гравот не омекне. Одвреме-навреме проверувајте го тенџерето и додадете уште малку вода ако е потребно.
- 6.Кога гравчето ќе омекне, исцедете ги сувите сливи, пресечете ги на половинки или четвртинки и ставете ги во тавче со загреано масло малку да се запржат. Кога ќе се запржат, додадете го црвениот пипер, убаво промешајте и целата смеса додадете ја во тенџерето со гравче.
- 7.Варете се заедно уште 10-15 минути, а потоа тргнете го тенџерето од оган, додадете сол и црн пипер по желба и посипете со ситно исечканиот магдонос.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна