Ова традиционално македонско јадење, секоја фамилија го потготвува на различен начин. И иако постојат најразлични рецепти, едно е битно – сите се одлични :). Денес ви ја претставуваме варијантата на нашата пријателка Славица Наумовска.
Гравче Recipe
By January 23, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 2 hrs 0 min
- Ready In: 2 hrs 15 mins
Ова традиционално македонско јадење, секоја фамилија го потготвува на …
Ingredients
- 500 г гравче
- 2 моркова
- 1 пашканат
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- 500 г димени ребра
- 500 г пелати домати
- малку сол, масло, нане
Instructions
- 1.Во сад, ставете го гравчето, еден пашканат, 2 моркова, 1 главица кромид, 4 чешниња лук и 500 гр димени ребра. Оставете ги заедно да се варат.
- 2.Кога е до пола варено, префрлете ја смесата во земјена тава, добро распоредете ја, по потреба додадете вода и на крај ставете 500 мл домати пелати од конзерва.
- 3.Зачинете со нане, сол, масло за готвење и оставете го гравчето да се допече во релна на 230 степени. Може да го оставете да биде и по чорбесто, во зависност од тоа како го сакате. Бон апетит.