Скопје добива уште едно место за вкусна храна. Започнува со работа првиот ресторан на „Гудис“ во „Веро центарот“, со што скопјани ќја имаат  уникатната можност први да го посетат реномираниот  ресторан за брза храна и да уживаат во оригиналните и префинети вкусови од овој бренд.

Гудис ќе понуди  особено интересна храна на своето мени, строга контрола на квалитетот и примена на најсофистицирани заштитни мерки. Приказната за Гудис почна во 1975 година во Солун со воведување целосно нов концепт во бизнисот со брза храна. Од самиот старт Гудис го носи потписот на грчката оригиналност преку рецептите креирани од страсните грчки кувари , посветени на вкусот и квалитетот. Разновидност, грижа и љубовта за брендот се нивните клучни елементи за успех кои им носат 500 000 потрошувачи, секојдневно.

До денес важи за еден од водечките синџири за брза храна во Грција, со над 130 ресторани во Грција,  два на Кипар и еден во Тирана. Главна цел на компанијата во моментов е проширувањето на странскиот и грчкиот пазар, при што е  планирано да започнат со работа дури 22 ресторана во повеќе земји.