Вистински унгарски гулаш…само не заборавајте чаша (или две) ледено пиво! Што се однесува до гарнирот, оди со пире, со варен мешан зеленчук, било какви тестенини, па дури и само со лепче.
Гулаш
By October 5, 2013
Published:Вистински унгарски гулаш...само не заборавајте чаша (или две) ледено пиво! …
Ingredients
- 800 гр јунешко месо
- 1 кг кромид
- 3-4 пиперки (може и лути)
- 3 кафени лажички црвен пипер
- 500 мл вода
- 1/2 кафена лажичка вегета
- малку сол
- малку црн пипер
- 1 супена лажица свеж магдонос
- 1/2 кафена лажичка мајчина душичка
- 1/3 кафена лажичка нане
- масло за готвење
Instructions
- 1.Исечкајте го кромидот на коцкички и ставете го да се пржи во загреано масло во подлабоко тенџере (она во кое ќе го готвите гулашот), со повремено мешање.
- 2.Додека кромидот се пржи, исечкајте го месото на ситни парчиња (околу 5 мм дебели и 1-2 см долги), и ставете го да се запржи во посебно тавче.
- 3.Кога месото ќе ја смени бојата (по околу 5-6 минути пржење), истурете го во тенџерето во кое се пржи кромидот, и пропржете ги заедно уште 1-2 минути.
- 4.За тоа време, ставете ги пиперките исечкани на ситни парчиња да се запржат во тавата во која претходно се пржеше месото (околу 2-3 минути), а потоа додадете ги и нив во тенџерето.
- 5.Додадете околу 400 мл вода (или малку повеќе), додадете го црвениот пипер, убаво промешајте, затворете го тенџерето со капак и оставете го гулашот да се вари околу 2.5 часа на многу слаб оган (дури и најслаб).
- 6.Повремено замешувајте и додадете вода (доколку е потребно, во зависност од тоа дали го сакате гулашот погуст или поредок).
- 7.Кога месото ќе се свари, тргнете го тенџерето настрана и додадете ги зачините. Убаво промешајте.
- 8.Послужете го топол, со лажичка или две павлака и со било каков гарнир (макар што не препорачуваме пржени или печени компири).
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна