Ѓумбирот потекнува од тропските краеви на Азија. Се користи во свежа и сушена состојба или како прав, за припрема на супи, јадења од зеленчук, ориз, сосови и колачи. Оваа лековита билка во себе содржи протеини, етерично масло, фосфор, калциум, магнезиум, манган, фолна киселина и витамин Ц и Б6. Кинеската медицина го препорачува ѓумбирот да се кориси во комбинација и со други билки затоа што има моќ да го забрзува нивното дејство. Главната особеност на ѓумбирот е во неговата егзотичност и ориенталност која го издвојува од другите медитерански зачини. Поприлично е ароматичен, со јак и остар вкус и пријатен мирис благодарение на етеричното масло. Многу се користи во кујните во Азија каде неговата важност ја надминува само солта.

Спаѓа во најскапите, најбараните и комерцијално најмногу користени ароматични состојки. Неговата цена е последица на долгиот процес на зреење (5-9 месеци). Во тропска Азија се одгледува веќе 3000 години. Ѓумбирот се користел и на Блискиот исток и во јужна Европа уште пред римските времиња. Португалците го донесле во Африка, а Шпанците го однесле на Карибите. Ѓумбирот најмногу се произведува во Индија, каде што се троши повеќе од половина во безброј специјалитети.

Енергетска и нутрициона вредност
Корен од ѓумбир во количина од 100 грама има енергетска вредност од 80 кцал, од чиј состав е протеини 1,82 г, масти 0,75 г јагленохидрати 18 г. Минералниот состав на коренот на ѓумбирот е многу разнолик, а во значајни количини содржи калиум, бакар, магнезиум и манган. Од витамини содржи витамин Ц, витамин Б меѓу кои витамин Б6 и во помали количини пантотенска киселина и ниацин.

Лековитите својства на ѓумбирот
Ѓумбирот се употребува како храна и лек со векови. Во Индија жолтиот ѓумбир се употребувал во традиционалните лечења за срцевите болести и заздравување на раните. Во азиската медецина се користи за лечење на настинки и олеснување на дишењето, го спречува згрутчувањето на крвта, го намалува нивото на холестеролот, делува против запаленија, и го подобрува имунолошкиот систем.  Ако се користи редовно го намалува хроничниот замор, го подобрува памтењето, а поради стимулативните својства не се препорачува негово користење навечер пред спиење бидејки може да предизвика несоница. За различни намени, стандарна дневна доза ѓумбир во прав е 1-4 г, која е потребна да се зема од 2-4 дози.

Ѓумбирот исто така се користи против воспаленија, се става како облога на отечено место, против грчеви, намалува болка кај мускулните и коскените проблеми, се користи како превентива против настинка и смирување на кашлица, ја подобрува крвната циркулација, го спречува создавањето на тромб и е ефикасен лек против мигрена и грип. Ѓумбирот ја подобрува меморијата, делува како благ афродизијак, ја намалува мачнината при бременоста без негативни ефекти.

Исто така се користи како лек против главоболки, настинки и болки во желудник. Ја подобрува менталната будност, перцепцијата, помнењето, има антикоагулантно дејство и го олеснува дишењето и искашлувањето. Антисептик е и ги уништува микроорганизмите, се користи против исцрпеност и замор затоа што се крева енергијата во телото. Ѓумбирот содржи супстанции кои го забрзуваат метаболизмот, помага разградување на месото и млекото во организмот. Тој е моќен антиоксидант кој ја стимулира функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на телото. Ѓумбирот се конзумира како чај за загревање или како вкусен зачин во варива и супи.

Избор и купување
Имате ли можност за избор, секогаш дајте предност на свежиот наспроти сувиот ѓумбир. Свежиот ѓумбир можете да го најдете во речиси сите поголеми маркети. Ѓумбирот на пазарот е достапен во два вида – млад и зрел. Зрелиот ѓумбир кој е пошироко распространет има цврста кожа која бара лупење, додека младиот ѓумбир не е потребно да се лупи, но може да се купи само на азискиот пазар.
Ѓумбирот во прав секако е подостапен од свежиот. Многу е важно да го чувате во цврсто затворена стаклена тегла на ладно, темно и суво место. Доколку го чувате во фрижидер ќе ја зголемите неговата трајност.

Приготвување на јадења со ѓумбир
Неговата оштра, продорна и пикантна арома дава спечифичен вкус на јадењат. Свежиот ѓумбир се користи во подготовките како во солените така и во благите јадења, давајќи лут, но и освежувачка арома во пржени јадења, супи,житарици и свежиот зеленчук. Секако нов вкус ќе даде на морските плодови, а на месото како што е од пајката и свињата ја намалува нивната мрснотија.