Ако во моментите на пост ви се јаде нешто благичко тогаш овие гурабии се совршени за оваа прилика. Се рабира и за останатиот период од годината, бидејќи овие гурабии се прават многу брзо, а се превскуни, препорачува Вања.

Гурабии

By Валентина Крстевска Published: March 11, 2014

    Ако во моментите на пост ви се јаде нешто благичко тогаш овие гурабии се …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во длабок сад ставете ги сите состојки за тестото освен брашното и бадемите. Иако маргаринот е студен и така потешко се замесува тестото, не препорачувам да се затопли. Со текот на многубројните подготовки на овие колачи, увидов дека тие се поровки и повкусни ако се замесени со студен маргарин. Додајте околу 400 гр.од подготвеното брашно,месете додека се изедначи смесата,потоа постапно додајте уште 350 гр. од брашното.Откако утште еднаш ќе измесите изедначено тесто, ќе увидите дали има потреба да се додава уште брашно,бидејќи зависно од видот на брашното, може да се случи и тоа количество од 750 гр. да биде доволно.
    2. 2.Тестото замотано во пластична фолија оставете го околу половина час во фрижидер, а потоа додајте му ги и бадемите и размесето го за да се изедначи смесата.
    3. 3.Меѓу двата слоја пластична фолија ставете дел од тестото, рассукајте го на дебелина која ви одговара (јас обично кората ја правам околу 5-6мм дебела)и со калапчиња за колачи или со чаша,исечете разни форми. Печете на тава со хартија за печење во претходно загреана рерна на 175 степени околу 15 минути.Кога малку ќе се оладат, извалкајте ги во шеќер во прав.
    4. Гурабии4.НАПОМЕНА: доколку наместо маргарин се употреби кравја маст или путер, се добива скоро истиот вкус на гурабиите како оние кои ги прават слаткарите кај јужниот сосед. Обично за вакви колачи,многупати се вели дека најубави се со свинска маст,но во конкретниов случај не е така, бидејќи и со маргаринот се постигнува совршеност. Доколку сте љубители на бледо печени старински гурабии, тогаш сметам дека корите треба да ги рассукате на дебелина и до 1 см, јас ги правам потенки,бидејќи ние повеќе ги сакаме речиси изгорени. Секако, не е исклучено дека рассукувањето може да се прави и на побрашнета работна површина. Јас ова го избегнувам,бидејќи на овој начин, не додавам ново, дополнително брашно со кое остатоците од тестото, стануваат премногу тврди кога се спојуваат во кора. По желба,може и да се спојуваат 2 по 2 колачиња со некој домашен мармалад...и такви се превкусни. И што е најинтересно, со релативно малку трошок, малку труд и без многу вештина или искуство, се добива многу големо количество преубави ароматични колачиња.