Домашно замесени кифлички, зарем има нешто повкусно? Ние од Мигусто сме едногласни на ова прашање. Нема! Проверен рецепт кој мора да го направите. Ја имате нашата препорака.

Гурмански кифлички

By Тетка Биберче Published: October 26, 2015

  • Prep: 35 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 60 mins

Домашно замесени кифлички, зарем има нешто повкусно? Ние од Мигусто сме …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на тестото за кифлички1.Во подлабок сад ставете го ставете ги сите состојки потребни за подготовка на кифличките. Замесете мазно тесто. Тестото треба да биде меко, но не премногу меко за да може да се обликуваат кифлите.
  2. Стасано тесто2.Оставете го тестото на топло да нарасне убаво т.е да добие барем 2,5-3 пати поголем волумен.
  3. Поделено на 8 дела3.Нараснатото тесто, префрлете го на набрашнета површина и поделете го на 8 топчиња.
  4. Сечење на тестото во триаголници4.Секое топче растегнете го во кружна форма и пресечете го на 8 триаголници.
  5. Филувана кифлица5.На поширокиот дел од триаголникот ставете малку сирење, кулен, или пак нешто друго па ваша желба.
  6. Формирана кифличка6.Секој наполнет со фил триаголник свиткајте го во форма на кифличка.
  7. Кифли во тава за печење7.Направете ги сите кифли, наредете ги во тавчиња врз хартија за печење и оставете ги да одморат (да нараснат) уште барем 30 минути.
  8. Спремни за печење8.Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени, измешајте го јајцето со малку масло и мачкајте ги кифлите непосредно пред печењето.
  9. Испечени гурмански кифлички9.Кифличките посипете ги со сусам, ким и/или сол и печете околу 20 минути или се додека не добијат убава златна боја.