Оваа идеја ми дојде случајно, бидејќи правев ќофтиња со помалку месо, па ми остана од Фант мешавината за ќофтиња. Решив да пробам нешто поинакво, и верувајте, ќофтињата со месо ми останаа, а овие исчезнаа додека трепнеш. Пробајте ги, навистина се ФАНТастични!
Гурмански ќофтиња
By June 13, 2013
Published:Оваа идеја ми дојде случајно, бидејќи правев ќофтиња со помалку месо, па …
Ingredients
- 1 компир (поголем)
- 60-80 г кашкавал
- 60 г сланина
- 3 супени лажици Фант мешавина за ќофтиња
- малку масло
- малку вода
- малку свеж магдонос
- лебни трошки
Instructions
- 1.Изрендајте го компирот и кашкавалот, а сланината исечете ја на ситни коцки. Магдоносот исто така ситно исецкајте го и додадете го во смесата.
- 2.Фант мешавината потопете ја со малку вода (да ја покрие) и оставете ја да постои 3-4 минути.
- 3.Додадете ја Фант мешавината и јајцето во смесата и се добро измешајте. Со раце обликувајте ќофтиња и добро извалкајте ги во лебни трошки (јас користев домашни).
- 4.Пржете ги ќофтињата по неколку минути од секоја страна на умерен оган.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна