Зачинети печурки со кашкавал наш денешен предлог за вкусно и брзо подготвено предјадење. Ви треба уште сосче, некое омилено по ваша волја и тоа е тоа.
Гурмански полнети печурки
By August 9, 2012
Published:Зачинети печурки со кашкавал наш денешен предлог за вкусно и брзо …
Ingredients
- 1 кг свежи печурки
- 200 гр кашкавал (изрендан)
- 2 чешниња лук
- свежо нане (ситно исечкано)
- свеж магдонос (ситно исечкан)
- 50 гр презла
- малку маслиново масло
- сол, црн пипер
Instructions
1.Измијте ги печурките, (потоа добро исушете ги на кујнска хартија) и одстранете им ги дршките.
2.Загрејте ја рерната на 200 степени, а во меѓувреме направете го филот. Во еден сад ставете го кашкавалот, презлата, исечканиот лук, нането и магданосот. Зачинете со сол и црн пипер. Убаво измешајте.
3.Со мала лажичка наполнете ги сите печурки со овој фил. Одозгора наросете малку кашкавал, ставете неколку капки маслиново масло.
4.Откако сите печурки ќе бидат наполнети ставете ги во плех подмачкан со маслиново масло (може да користите и хартија за печење). Печете 25 минути, додека не добијат фина боја, а филот не се растопи.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна