Компанијата HAPILABS е номинирана за награда за најиновативен продукт за 2013 во категоријата Здравје и Фитнес. Можете ли да погодите што претставува нивната иновација? Вилушка, ама малку поинаква вилушка. Имено, дигиталната “среќна вилушка“ содржи сензори кои мерат различни движења, како боцкање на храната во чинијата и принесувањето до устата. Така, добивате комплетна слика за тоа колку залчиња вкупно сте изеле за време на оброкот, колку залчиња сте јаделе во минута, колку време ви требало од едно до друго залче и така натаму.

Како резултат добивате комплетна анализа на вашите јадачки навики која ја прави специјалниот софтвер кој е поврзан со вилушката, а анализата се прикажува на вашиот мобилен телефон или компјутер. Освен тоа, вилушката ви служи како постојан подсетник дека треба да внимавате како јадете. Значи, ако вилушката забележи дека бројот на залаци во минута е зголемен или дека времето меѓу два залаци е намалено, таа ќе почне нежно да вибрира за да ви каже дека јадете премногу брзо. А сите знаеме дека брзото јадење е една ог причините за зголемување на телесната тежина, нели?

Значи, воопшто да не се секирате. Хепифорк би требало да започне со комерцијална продажба оваа пролет (значи уште малку), а се претпоставува дека цената ќе и биде околу 100 долари.