Ако има нешто што повеќе ме нервира од претекување на тенџере, тогаш навистина ќе се изненадам. Секогаш кога нешто варам, а особено кога варам компири, потребни ми се барем 30 минути да го исчистам шпоретот. А да биде неволјата уште поголема, немам бел шпорет, туку од оние со сива, метална боја. И што да ви кажувам, секоја капка и секоја линија се познава на него па изгледа како да не бил чистен со години. Страшно!

И така си се мачам…веќе со години. Посебно со компирите. И со еден куп други работи. Најверојатно ќе си се мачев и уште години и години да не налетав случајно на оваа ингениозна направа. Не само што ми врши работа, туку има и така сладок, инспиративен дизајн (да не речам поза) што сега секогаш кога варам компири, мислам на нешто многу поразлично од тоа колку ми е валкан шпоретот!