Храната која го забрзува организмот, го блокира лачењето на адреналинот и буди краткотрајно чувство на енергичност и сила никако не спаѓа во она што би требало да го конзумирате кога сте напнати. Стресот честопати предизвикува чувство на глад, па луѓето јадат и кога практично немаат никаква потреба од храна, и тоа најчесто без да знаат колку и што јадат. Некои видови на храна дефинитивно спаѓаат во групата на “вознемирувачи“ на организмот, а еве неколку типови на храна кои никако не би требало да ги конзумирате кога сте нервозни.

Солени грицки и сендвичи. Зголемениот внес на сол ги блокира жлездите кои лачат адреналин, кој пак е одговорен за дополнителната енергија на организмот и за подоброто расположение. Со внесување на ваква храна ќе бидете пораздразливи, поуморни, а многу брзо и повторно гладни.

Слатки. Внесот на шеќер предизвикува пад на концентрацијата, забрзано чукање на срцето, заборавеност, проблеми со видот, па дури и агресивност. Ако консумирате слатки доцна навечер, ќе имате потешкотии со заспивањето, а ќе ја изгубите и желбата за секс.

Лути грицки. Забрзувачите на организмот како ѓумбирот, ренот, лутите пиперчиња се добри, но само ако внимателно се консумираат. Посебно треба да ги избегнувате кога сте нервозни бидејќи напливот на енергија што тие го даваат се меша со стресот, па дури и го засилува. Освен тоа, лутата храна го буди организмот и затоа не треба да се консумира навечер.

Кафе. Омилениот црн напиток е извор на стимуланси како што е кофеинот кој го поттикнува создавањето на хормонот за стрес, го таложи салото околу половината, а штетно делува и на срцето и мозокот.

Црвено месо. Состојките во јунешкото или говедското месо, на пример, го покачуваат нивото на допамин и норепинефрин кои се поврзани со зголемена вознемиреност и стрес.