Др. Нела Деспотовска –
Доктор по општа медицина
и нутриционист во Виталиа


Со промена во режимот на исхрана може да го намалите опаѓањето на косата и да се зајакнат влакната.
Храна која го спречува опаѓањето на косата и ја прави посилна и поотпорна:

1. Храна богата со витамини од Б групата
Го забавува опаѓањето на косата и нејзиното стареење, го забрзува растот и влијае на сјаен и здрав изглед на косата. Затоа јадете морска риба, зеленчук, млечни производи, семки од сончоглед и јаткасти плодови, грав, јајца, печурки и житарки. За косата осо­бено важни се витамините Б3 (ниа­цин), Б5 (пан­то­тен) и Б6 (пиридоксин) како и железото кое помага во одржување на косата да биде здрава и јака.
Био­ти­нот кој го има во пив­скиот ква­сец, интегралниот ориз, гра­шо­кот, леќата, ове­сот, оре­вот, сојата, малтексот, цветниот прав (полен) и сем­ките од сон­чо­глед е од голема важност за здра­вјето на косата.
Бадемите се богати со витамин Е кој е потребен за брзо растење на косата. Воедно бадемите содржат и калциум и го јакнат коренот на косата.

2.Храна богата со протеини
Протеините помагаат при обновување на енергијата како и во лечење на прекумерното опаѓање на косата. Богат извор на протеини се јајцата, соја, лецитинот, гравот, пивскиот квасец, млечните производи.

3. Храна богата со Омега-3 масни киселини
Омега – 3 масните киселини се важна состојка за нашето севкупно здравје па така и за здравјето на косата. Тие се одлични против слабата и сува коса, прекумерното опаѓање, првут и слаба циркулација на кожата на главата. Конзумирајте лосос, сардина, харинга, скуша, житарки, ореви, соја, семки чиа, ленено масло.

4.Храна богата со цинк
Цинкот помага во балансирање на нивото на хормоните во телото како и во изградбата на клетките и правилно користење на протеините се што е неопходно за здрав и правилен раст на косата. Внесете доволно цинк преку школки, шкампи, црвено месо, спанаќ, брокула, кајсии и ореви.

Пре­ду­пре­ду­вање: пре­го­лемо вне­су­вање на вита­ми­н А може да пре­ди­звика oпаѓање на косата.

Дополнително Ви препорачуваме да пиете житна трева. Сокот од житна трева се добива со гмечење на млада трева богата со хлорофил. Течноста која се добива има темно зелена боја.

Сокот содржи богатство од витамини Б, Ц, Е, К, 90 различни минерали (посебно железо) и 19 амино киселини како и 70% хлорофил кој по хемиски состав наликува на хемоглобин. Неговото конзумирање има многу позитивни ефекти врз организмот: дава повеќе енергија и сон, посилен имунолошки систем, подобар вид, поубава кожа и коса, ја прочистува крвта, ја подобрува мускулната маса и изджливоста.

Зелената глина е 100% природен производ погоден за сите типови на кожа, вклучувајќи комбинирана, мрсна и чувствителна кожа.

Поради своите магнетни својства, глината помага да ги отстраните нечистотиите присутни и на скалпот и на косата. Таа исто така помага во одржување на хидрантноста на косата давајќи и екстра сјај и правејќи ја свилена и мазна.

Еве два рецепти за примена на глината во третман на косата:

Третман 1:

– 6 супени лажици зелена глина

– 1 шоља + 2 супени лажици јаболков оцет


Измешајте ја глината со 2 супени лажици јаболков оцет за да се постигне кремаста конзистентнција, слична на јогурт.

Нанесете ја оваа смеса на скалпот и косата така што тие ке бидат целосно покриени. Оставете ја смесата да делува околу 30 минути.
Исплакнете ја косата темелно со користење на млака вода. На крај исплакнете ја косата повторно со 1 шоља јаболков оцет.

Третман 2:

– 1 дел зелена глина
– 2 дела вода

Заедно се мешаат глината со водата се додека не се постигне кремаста конзистенција. Смесата се нанесува на влажна или сува коса.
Покријте ја косата со фолија или крпа и оставете ја околу 20 минути.

Исплакнете ја косата со млака вода и на крај нанесете регенератор.

Сите производи можете да ги набавите во нашата дисконтна продавница која се наоѓа на Ул 50 Дивизија Бр.16, во близина на Клинички центар, телефон за контакт 02 3 113 007.

Прашајте ја Др. Нела и вие добијте одговор на вашите дилеми поврзани со здравата исхрана. Живеј здраво и квалитетно. Кликни на следниот линк и постави прашање….
Виталиа и Др. Нела одговараат на вашите прашања