Храната и стресот – како да се бориме против него?

Посегнувањето по храна како резултат на емоционалната состојба не е секогаш така лошо како што се мисли. Бадемите, оревите и фстаците се полни со витамин Е кој е еден од најдобрите антиоксиданти. Шака бадеми или фстаци е сосема доволна за да се потпомогне правилната работа на срцето, да се регулира крвниот притисок и да се намали чувството на умор. Резултатите од неодамна извршени испитувања покажале дека е добро да се пие млеко пред спиење. Калциумот во млекото ги намалува мускулните грчеви и општата напрегнатост.

Храната не служи само како утеха, туку и го одвраќа вниманието од проблемите кои предизвикуваат стрес.

Залечете го скршеното срце

Месото од мисирка е познато по тоа што има релаксирачки дејства, а витаминот Б е добар за лечење на депресија. Се повеќе луѓе се депресивни и несреќни, а сето тоа можат да го сменат со промена на начинот на исхрана и стилот на живеење. Во последно време, се поголема популарност добива науката наречена неуронутриционизам, која исхраната ја доведува во врска со емоциите на луѓето.

Лековити намирници за 4-те основни емоции

Ако сте лути, јадете киселкаста храна како јогурт, кефир, сирење и млеко. Сето ова ќе ви помогне лутината побрзо да ви помине.

Ако сте среќни, јадете големи количини на овошје, банани, грозје, мандарини или јаболки. Сите тие имаат големо влијание на лачењето на допамин – хормонот кој е одговорен за добро расположение.

Ако ви е тешко и чувствувате мачнина (емотивна), јадете месо од мисирка, пилешко, риба и пршута. Тие го будат организмот, ни даваат нова енергија и ни помагаат да се бориме против депресијата.

Ако сте тажни, потребни ви се јаглехидрати, маснотии и шеќери. Јадете интегрален леб, тестенина, ориз, но и чоколадо. Само една коцкичка чоколадо е доволна да ја избрка тагата.

Предлог дневно мени за добро расположение и убивање на тагата

Појадок: чаша свежо исцеден сок од портокал или грејпфрут, кришка диња или ананас, половина јаболко или половина банана, кришка интегрален тост со немасно сирење или едно сварено јајце. Плус една шолја чај од кантарион и мајчина душичка.

Ужина: јаболко или праска, јогурт со мал процент на маснотии, кафе со малку млеко или 100 мл сок од аронија.

Ручек: парче пилешки гради или од мисирка, парче лосос или скуша, чинија интеграчни тестенини или ориз со зеленчук и морски плодови, салата од било каков свеж зеленчук, шолја овошна салата или шолја компот. Плус една шолја чај од кантарион и мајчина душичка.

Ужина: чаша сок од домати или боза, кришка двопек или парче козјо сирење, или шака бадеми, ореви или фстаци.

Вечера: супа од зеленчук, млад грашок со домати и месо од мисирка, кришка интегрален тост или двопек, и чаша добро црно вино (125 мл), пиво или домашна ракија.

loading...