Ако сте забележале неколку нови брчки при последниот поглед во огледалото, тогаш со сигурност можете да кажете дека меѓу кривците за тоа се наоѓаат вашата кујна, фрижидер и масата за јадење. Стареењето е нормален процес и ни се случува на сите, а и не постои начин тоа да се спречи, без разлика на она што го кажуваат во рекламите.

Сепак, држењето на нездрави диети и одредени навики во исхраната можат и тоа како да го забрзаат процесот на стареење, оставајќи ве да изгледате години постари отколку што навистина сте и не правејќи му притоа никакви услуги на вашиот организам.

Квалитетот е важен

Др. Харлан од Универзитетот во Тулејн истакнува дека постојат неброено многу докази дека јадењето на лоша храна предизвикува различни воспаленија во човечките организми. Храната со лош квалитет, како транс-маснотиите предизвикува не само воспаленија, туку и стареење. Тој тврди дека конзумирањето на ваквата храна апсолутно без сомневање делува на вашиот иглед.

На пример, истакнува Др. Харлан, премногу шеќер и процесирани јаглехидрати можат да доведат до производство на тн. напредни глукациски крајни продукти. Овие се поврзани со различни болести како срцеви заболувања и дијабетес, но исто така го уништуваат и колагенот и структурата на човечката кожа.
Која храна треба да се избегнува

Ако сакате да останете млади (и однадвор и одвнатре), еве кои видови на храна треба да ги избегнувате најмногу:

1. Чипс и помфрит. Во суштина се што се пржи во многу масло (фритези) е полно со транс-маснотии кои допринесуваат за различни запаленија во вашиот организам. Внесот на ваквите маснотии не треба да биде поголем од 1% дневно, како што изтакнува Американската асоцијација за срцеви заболувања.

2. Крофни и други слатки пржени теста. Исто така изобилуваат со транс-маснотии, но освен тоа се многу богати и со шеќер. Произведуваат напредни глукациски крајни продукти, кои според Др. Харлан се виновни за појавата на брчките.

3. Хот дог, сланина и салами. Практично, било кое процесирано месо е богато со заситени масни киселини и со нитрати кои ги поддржуваат запаленијата во организмот и го забрзуваат процесот на стареење.

4. Црвено месо без маснотија. Клучната работа во врска со месото е да се минимизираат заситените маснотии кои се големи причинители на воспаленија и не се пријатели на артериите. Иако експертите истакнуваат дека е важно внесувањето на протеини, вклучувајќи го и месото, сепак препорачаната дневна доза на заситени маснотии не надминува 7%.

5. Алкохол. Иако одредени алкохоли се добри за здравјето, прекумерната количина апсолутно може да доведе до предвремено стареење. Она што се препорачува се чаша до две црвено вино или пиво на ден, се друго го забрзува стареењето и предизвикува различни болести.

Најважно од се, истакнува Др. Харлан, е да се јаде високо-квалитетна храна која ги намалува различните воспаленија и го одржува вашиот изглед свеж и младешки. Она што според него би требало да се внесе во секојдневната исхрана е медитеранската кујна која изобилува со свежи зеленчуци и овошја, риби, млечни и други добри производи.