Невладините организации “Арт Лајф”, “Уметност на живеење Македонија”, “Банка за храна Македонија” и “СУНА”, заедно со ОУ “Гоце Делчев“ –Центар, Скопје организираат хуманитарна акција за собирање на храна и облека .

Целта на оваа хуманитарна aкција е подигнување на свеста кај дечињата од најмала возраст, развивање својата хуманоста, но и желбата да помогнат на другите, на оние кои имаат помалку или воопшто немаат.

Во акцијата ќе се собира најразновидна храна и облека.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, родители, здруженија и фирми да се вклучат во акцијата. Собирен центар е ОУ „Гоце Делчев“ во општина Центар, кој е отворен до 26 април 2013 година.