Знаеме дека Хумусот е едно од најпопуларните арапски мезиња, кој се служи и сервира насекаде на светот како мезе или ужина. Денеска Мама Лиле подготви Хумус на малку поинаков начин, со македонска нишка…. Овој намаз од наут со вкус на лукче запржен сусам сигурни сме дека ќе ве воодушеви.
[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]

 

Намаз „Хумус“ на македонски начин

By Мама Лиле Published: September 24, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 20 mins

Знаеме дека Хумусот е едно од најпопуларните арапски мезиња, кој се служи …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Наутот се потопува во вод, се става 1/2 лажичка сода бикарбона и се остава да кисне 12 саати или преку ноќ. Следното утро, течноста се истура и наутот добро се промива.
  2. 2.Измиениот и набабрен наут и се става во тенџере, се залева со вода и се вари на не многу јак оган околу 30 минути или додека зрната омекнат. Во текот на варењето може да се издвојат лушпите, кои може да се отстраните, но и не мора.
  3. 3.Во меѓувреме треба сусамот да се смели во машинка за мелење на кафе.
  4. 4.Откако наутот е омекнат, водата се отстранува, а омекнатите зрна се префрлаат во блендер
  5. 5.Во блендерот се додаваат сите спомнати состојки и се блендира. Треба да се добие мазна густа смеса.
  6. 6.Доколку смесата се лепи за ѕидовите на блендерот, тоа значи дека фали течност. Во тој случај се додава зовриена и оладена вода но при тоа треба да се внимава да не се додаде премногу затоа што може хумусот да биде многу мек, односно течен.
  7. 7.На крајот се зачинува со сол, се префрла во стаклен сад и вака припремениот хумус се чува во фрижидер.