Хумусот е едно од најпопуларните арапски мезиња, кој се служи и сервира насекаде на светот како мезе или ужина. Всушност, ова традиционално арапско јадење се служи за појадок или вечера во комбинација со некое домашно топло лепче, крекери па дури и чипс.

Хумус

By Тетка Биберче Published: October 7, 2015

    Хумусот е едно од најпопуларните арапски мезиња, кој се служи и сервира …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Наутот потопете го во вода и оставете го да кисне преку цела вечер заедно со сода бикарбоната. Вака омекнат, варете го околу половина час или се додека комплетно не омекне, но водејќи сметка да не се распадне. Исцедете го, но зачувајте барем 250 мл од водата.
    2. 2.Во блендер, ставете ги сите состојки и блендирајте се додека не добиете кремаста структура. Доколку смесата е прегуста, додадете уште малку од водата во која се вареше наутот.
    3. 3.Хумусот сервирајте го во плитка здела, одозгора сипете малку маслиново масло, наросете црвен пипер и послужете го со домашно печено лепче.