Не е се во коктелот, има нешто и во начинот како ќе го послужите. Малку фантазија во сечењето на јаболките и во редењето на ситно овошје на стапчиња и добивате нешто за кое сите ќе зборуваат со денови. Уживајте!
И уште една сангриа
By July 17, 2012
Published:Не е се во коктелот, има нешто и во начинот како ќе го послужите. Малку …
Ingredients
- 1 л бело вино
- 250 мл ликер од праски (или од некое друго овошје)
- 300 гр свежи боровници
- 50 гр шеќер
- 3 црвени јаболка
- неколку дрвени стапчиња
- шака боровници, малини, капини
Instructions
- 1.Во поголем сад ставете ги виното, ликерот и шеќерот и мешајте додека шеќерот не се стопи.
- 2.Додадете ги боровниците и јаболката исечкани со модли за колачи (за да биде порепрезентативен коктелот). Ставете го во фрижидер убаво да се олади.
- 3.Околу 1 час пред да го послужите коктелот, набоцкајте ги ситните овошја на стапчињата и ставете ги во ладилник кратко да се замрзнат. Ставете по едно замрзнато стапче во секоја чаша и послужете.