Денес и се израдувавме на веста дека Млекарницата „Идеал Шипка“ пласира нов јогурт на нашиот пазар. А се израдувавме поради желбата и посветеноста на Млекарницата не само да додаде уште еден високо квалитетен производ во своето богато портфолио, туку да креира и понуди производ кој ќе биде направен по традиционална рецептура.

Навистина, имаме толку богата култура и традиција кога станува збор за храната, а особено кога станува збор за млекото и млечните производи, што е навистина штета што таа традиција не се негува повеќе.

Затоа се израдувавме и го поздравуваме лансирањето на новиот производ на „Идеал Шипка“, за кој Димитар Павлевски, директор на производство во млекарницата „Идеал Шипка“ вели:

– Одлучивме да им понудиме на потрошувачите ферментиран млечен производ кој многу потсетува на домашниот јогурт кој го подготвуваа нашите мајки и баби. Масленоста од 3.5% му дава исклучително полн млечен вкус, а високиот процент на млечни киселини – идеална нутриционистичка вредност, што научно и медицински е докажано дека го зајакнува имунитетот.

Затоа, ако сакате да се потсетите на вкусот на вистински домашен јогурт, побарајте го новиот производ на „Идеал Шипка“ кој уште од денес ќе биде достапен во поголемиот број на трговски објекти низ земјата. Но, побрзајте, бидејќи само за време на промотивниот период заедно со две шишиња јогурт добивате и подарок – чаша.

И за крај – мало потсетување. Млекарницата „Идеал Шипка“ е дел од најголемата светска млечна индустрија „Лакталис“. За потрошувачите во Македонија, освен млечни производи од брендот„Идеал Шипка“, во своето портфолио ги нуди и производите од брендот „Дукат“, како и „Президент“, најпознатиот бренд за сирења во светот.