Нели е страшно важно тортата да ја исечете на апсолутно исти парчиња? Мислам веќе кога сте се измачиле да ја направите, па сте се намачиле да ја украсите, па сега…. Навистина нема логика покрај сите овие совршено направени работи да ја утнете на крај и парчињата да не бидат совршени. Па што ќе кажат гостите? Сигурно ќе има загледување од типот “оооо, овој пак доби подебело парче од мене“ или “добро е, моево парче е поголемо од на Горан……ама, чекај, помало е од на Весна. Е, ова стварноо не е фер“ и така натаму.

Знам, знам, ќе речете – не зборат луѓето така, нема врска. А бе, точно е дека не зборат, ама мислат, и тоа со сигурност. Баш заради тоа, еве начин како да СОВРШЕНО да ја исечете тортата (и тоа на 6, 8, 10 или 14 апсолутно исти парчиња) и комплетно да ги задоволите сите гости. Оваа справичка е мала, па нема воопшто да ви зафаќа место, а чини само 14 долари, a можете да си ја набавите овде!