Весна Рохр (Со љубов, за вас!) не посоветува дека пред сé е потребна неизмерна љубов за готвење, но и време, бидејќи нашата кујна не е инстант храна… :) Денес Нема ништо поубаво од мирисот на магданосот, патлиџаните, доматите, пипeрките и лукот заедно.
Овој рецепт секој го прави различно, на пример најчесто и со мелено месо, многу малку домати и слично…
Ова е моја варијанта, уште од баба ми, иако сите варијанти се убави…
Добар апетит !

Имам бајалди

By Весна Рохр Published: February 20, 2013

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 60 mins
  • Ready In: 1 hr 30 mins

Весна Рохр (Со љубов, за вас!) не посоветува дека пред сé е потребна …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Најпрво модрите патлиџани, измиени и исчистени од дршката, се засекуваат по должина без да се отворат целосно и се посолуваат внатре. Се оставаат во вода да им излезе црната течност, најмалку 15-20 минути.
  2. 2.За тоа време го подготвувате магданосот и лукот, ситно и тенко исечкани и ги мешате со сол и црн пипер. Исто така ги подготвувате доматите и на зејтин, прво ги пржите исечканите пиперки од сите бои и ги додавате исечканите излупени домати, само малку да зовријат-5 минути. Додавате сол, црвен, црн пипер и вегета или некој друг зачин по Ваша желба, сличен на вегетата.
  3. 3.Сега е време да се вратите на модрите патлиџани, да ги подисушите и да ги ставите на зејтин да се пржат, покриени. Откако ќе се испржат од сите страни убаво, значи да омекнат, ги вадите и ги редите со засекот одозгора, во земјана тава , по можност, или некоја длабока тава за печење. Ако сакате, сега можете да ги излупите, за потоа полесно да се јадат, но не е задолжително.
  4. 4.Вака наредени модрите патлиџани, ги полните во засекот со магданосот и лукот.Одозгора ги залевате со доматите, значи тавата треба да биде полна и покриена со сос од доматите во кој ќе се печат патлиџаните. На тивко, отприлика 1 час, на 200, ја оставате да се пече. Проверувајте често што се случува.
  5. 5.Внимавајте сосот да не Ви премногу густ, сосот треба да остане нормално течен, ни воден, ни премногу густ.
  6. 6.Мали тајни: малку шеќер во доматите ако се киселкасти многу, малку вода ако доматите немаат доволно сос.
  7. 7.Тавата треба да се олади малку пред да сервирате, одозгора врз патлиџанот се полева од сосот и во чинијата изгледа прекрасно, рапсодија од бои и вкусови, македонски.