Можете да ги купите речиси секаде. Во маркет, на пазар, во локалната семкарница. Ги има во текот на целата година и се одлични во моментите кога сакате да грицнете нешто вкусно. Индиските оревчиња покрај како закуска, можете да ги користите и за приготвување на вкусни рецепти со месо, салати и десерти. Но, она што е многу поважно од употребата на индиските оревчиња во кулинарството е нивната висока нутритивна вредност, богатството со витамини (Б1, Б2, Б6, Е), а имаaт и висок процент на калиум, натриум, флуор, јод, калциум, железо и фосфор.

За здрав кардиоваскуларен систем

Индиските оревчиња содржат многу помалку маснотии од сите останати „мешункасти плодови“. Две третини од маснотиите во индиското оревче се незаситени масни киселини. 75 проценти од тие незаситени масни киселени ја сочинува олеинската киселина (која ја содржи и маслиновото масло) познато по своето благотворно дејство за здравје на срцето.

Делотворно делуваат на дијабетесот

Незаситените масни киселини, делотворно делуваат на дијабетесот, помагаат за намалување на нивото на три глицериди и штитат од понатамошни компликации поврзани со високото ниво на шеќер и холестерол. Редовно консумирање на индиските оревчиња помага при појава на дијабетес тип2.

Бакар

Индиските оревчиња со богати со бакар, кој игра важна улога за здравјето на вашиот организам. Бакарот учествува во голем број на физиолошки процеси во организмот, како на пример борба со слободните радикали, апсорпција на железото, влијае на развојот на коските и ткивата, а произведува меланин кој на кожата и на косата и дава природна боја.

Магнезиум

Индиските оревчиња содржат високи количини на магнезиум кој е неопходен за работа на нашиот организам. Тој е особено важен за метаболизмот, игра улога во формирање на коските, протеините, масните киселини, ги опушта мускулите. Редовното внесува на магнезиум штити од висок притисок, грчеви во мускулите, главоболки и хроничен замор.

Индиски оревчиња

Дали сте знаеле дека индиските оревчиња всушнот не се јаткасти плодови, туку се семки на еден посебен вид на јаболка

Антиоксиданси

Индиските оревчиња се одличен извор на антиоксиданси, кои играат важна улога во човековиот организам во заштита од штетното делување на слободните радикали. Слободните радикали се молекули кои имаат неспрен електрон и затоа се особено реактивни. Слободните радикали денес ги поврзуваат за честа причина за настанување на болести поврзани со крвниот систем, ракот, со болестите на зглобовите..

Додаток кога држите диета

Често се препорачува да се јаде индиски оревчиња како дел од здравата диета за слабеење. Тие не содржат холестерол, богати се со диетални влака и даваат многу енергија. Умереното консумирање индиски оревчиња ќе ви даде чувство на ситост и задоволство.

Како се конзумираат?
Не е препорачливо да се јаде поголема количина индиски оревчиња одеднаш, туку во помали количини, а почесто. Најдобро е да се јадат три пати неделно по 30 грама. Внимавајте индиските оревчиња иако се богати со витамини и минерали имаат висока калориска вредност. Во 100 грам имаат енергетска вредност од 575 калории.

——————————————————————————————————–

Дали сте знаеле дека индиските оревчиња всушнот не се јаткасти плодови, туку се семки на еден посебен вид на јаболка позната по своето латинско име Anacardium occidentale. Тое е мало зимзелено дрво кое расте со височина од 12 метри и има потекло од Бразил. Индија е најголемиот производител па отаму кај нас е познато под имете индиски орев.