Со оглед на трчаницата во која живееме не треба да не изненадуваат инстант производите кои се нудат во надеж за задоволување на нашите секојдневни потреби. Кафето, секако е една од нив, па затоа данската компанија Coffeebrewer Nordic A/S се погрижи да им излезе во пресрет на кофеин зависниците. Нивниот производ е своевиден инстант кафемат опремен со кафе и филтри. Се што треба да направите е да налиете топла вода, почекате неколку минути и тоа е тоа.
Во прилог и видеото од кое ќе добиете подобра претстава како функционира овој иновативен продукт.