Уште еден одличен рецепт на нашата драга пријателка Славица која секогаш знае да не изненади со нешто ново и опасно вкусно. Рецепт кој задолжително и вие мора да го приготвите. Добар апетит.

Интегрален ориз со павлака и пилешко месо

By Славица Наумовска Published: March 29, 2013

    Уште еден одличен рецепт на нашата драга пријателка Славица која секогаш …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Одвечер ставете го оризот да кисне во вода.
    2. 2.На масло ставете да се пропржи кромидот и лукчето. Потоа додадете го месото сечкано на коцки и убаво издинстајте.
    3. 3.Исцедете го оризот од водата и додадете го во вог-тава. Пропржете едно 5 минути и полијте со вода да се свари оризот. По потреба може да се додаде вода. За да биде добро сварен оризот варете на тивко со поклопец.
    4. 4.Откако ќе биде сето убаво сварено додадете го грашокот и павлаката, добро промешајте и динстајте околу 5 минути. На крај зачинете со сол, мајоран, бибер и добро промешајте.
    5. 5.Изренданиот кашкавал додадете го на крај и оставете да се стопи. Сервирајте и поросете со малку куркума.
    6. 6.Епа тоа е се и уживајте во ручекот со салата од зелка и морков. Бон апетит!