Уште еден рецепт „della cucina italiana“. Фокача, добро познато традиционално италијанско пециво, а во овој случај модифицирано на „ мигусто“ начин :). Искористивме интегрално брашно и направивме фил од традиционално македонско младо бело сирење со маслинки и мајчина душица.

Интегрална фокача

By Тетка Биберче Published: August 5, 2013

    Уште еден рецепт „della cucina italiana“. Фокача, добро познато традиционално …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Ситно исечкајте ги лукчињата и заедно со мајчина душичка ставете ги во маслиново масло за да се врзат сите вкусови.
    2. Тесто за Фокача2.Измешајте ги двата типа брашно, додајте сол, сув квасец и 70 мл од маслиновото масло. Со постепено додавање на вода, измесете го тестото. Тестото о ставете го 1 час да нарасне. Потоа повторно замесете и пак оставете го уште половина час.
    3. Полнење на Фокача3.Повторно замесете го и поделете го на два дела од кој едниот е малку поголем. Од помалиот дел формирајте тенок круг. Тестото премачкајте го маслиновото масло, ставете го дробеното сирење, сечканите маслинки и прелијте со уште малку маслиново масло.
    4. Готова Фокача4.И од другиот дел на тестото формирајте малку поголем круг со кој ќе го прекриете филуваното тесто. Краевите притиснете ги за да се спојат. Премачкајте со маслиново масло, додадете ги и зачините од маслото, наросете со морска сол и мајчина душица. Со прсти вдлабете дупчиња и во нив ставете маслинки.
    5. 5.Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.